мај 24, 2026

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, трета година по ред ја освои пол-позицијата за Големата награда на Канада. Британецот, кој претходно победи во спринт траката, во последнните секунди го извозе најбрзиот круг.

Расел, кој победи на стартот од сезоната, во Австралија, до пол-позицијата дојде со време 1:12.578. Ова време за 68 илјадити делови од секундата беше побрзо од времето на неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели. Интересно и во квалификациите за спринт трката , идентична беше разликата меѓу тимските колеги.

Зад Британецот и Италијанецот, завршија пилотите на Мекларен, Норис и Пјастри, а потоа следуваа Хамилтон (Ферари), Ферстапен и Хаџар од Ред Бул), Леклер (Ферари), Линдблад (РБ) и Колапинто (Алпин).

Трката за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во близина на Монтреал в недела ќе започне во 22 часот.

Foto/ EPA

Share

The post Расел трета година по ред ја освои пол-позицијата во Канада appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK