Кошаркарите на Њујорк победија во Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата.
Никс водеа во текот на целиот натпревар и сега се само на една победа од нивното прво учество во големото финале од 1999 година, кога тимот предводен од Патрик Јуинг, Латрел Спривел и Алан Хјустон загуби од Сан Антонио со Дејвид Робинсон и Тим Данкан.
Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22.
Покрај овие двајца, значаен придонес дадоа О-Џеј Ануноби со 21 поен, Ландри Шемет со 14 и Карл Ентони Таунс со 13 поени.
Никсите го завршија натпреварот со одлични проценти, погодија 43 од 77 обиди од поле, вклучувајќи 11 тројки во 28 обиди.
Беа сигурни од линијата за слободни фрлања и погодија 24 од 27 обиди.
Тимот од Њујорк ја постигна својата десетта последователна победа во плејофот и стана седмиот тим во историјата на НБА со вакво оставрување.
Последниот тим со таква серија беа Бостон Селтикс во текот на шампионската сезона 2024. Според „ESPN“, Никс имаат кош разлика, во оваа серија, +225, што е најдобриот учинок во историјата на лигата во период од десет натпревари, вклучувајќи ја регуларната сезона и плејофот.
Во тимот на Кливленд, Донован Мичел беше најефикасен со 23 поени, додека Џејмс Харден постигна 21.
Четвртиот натпревар од оваа серија се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во Кливленд.
The post Моќни се Њујорк Никс, победа ги дели од пласман во големото финале appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
