мај 24, 2026

По повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан, како и до сите Македонци каде и да се наоѓаат.

Во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се нагласува значењето на овој голем празник и историската улога на светите браќа Кирил и Методиј во развојот на словенската писменост и култура.

„Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 Мај, ден на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј“, стои во честитката.

Од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана посочуваат дека со одбележувањето на празникот им се оддава почит на солунските браќа како основоположници на словенската писменост и литература, но и како создавачи на првата словенска азбука – глаголицата.

Во честитката се нагласува дека нивниот придонес имал огромно значење не само за македонскиот народ, туку и за сите словенски народи, бидејќи преку нивното дело бил поставен темелот на културниот и духовниот развој.

„Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесуваат знаењето и мудроста на човекот“, се наведува во честитката.

Од друштвото додаваат дека делото на Светите Кирил и Методиј опстојувало низ вековите и продолжува да биде симбол на духовноста, образованието и културниот идентитет на словенските народи.

„Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј“, се вели во пораката на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Share

The post „Илинден“ – Тирана со честитка за 24 Мај: Делото на Светите Кирил и Методиј е вечен духовен темел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK