мај 24, 2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик.

Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година.

Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK