Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, попладнево би можел да се збогува со „Енфилд“.
Како што открија италијанските медиуми, Алисон ги договорил лични услови со Јувентус. Бразилецот се согласил на тригодишен договор, со плата од 4.500.000 евра по сезона.
Иако Ливерпул првично ја затвори вратата за неговото заминување, Алисон одржал состанок со клупските челници и клубот попушти пред неговата желба.
Сега се во тек преговори, кои нема да бидат лесни, бидејќи Ливерпул бара сума од 15.000.000 евра како обештетување.
Да потсетиме, трансферот на Алисон во летото 2018 година е сè уште рекорден, кога станува збор за голманите. Ливерпул тогаш ѝ плати на Рома 72.500.000 евра.
Бразилецот стана еден од столбовите на моќниот Ливерпул на Клоп кој ги освои сите трофеи.
Алисон бранеше за Ливерпул во 332 натпревари, освои две Премиер лига, Лигата на шампионите, два Лига купа и ФА купот.
Мохамед Салах и Енди Робертсон дефинитивно ќе се збогуваат со Ливерпул денес, а заминувањето на Алисон би значело и крај на една ера.
Foto/ Depositphotos
The post Алисон ги договори личните услови, Ливерпул ја одреди цената appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
