Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави водечкиот француски спортски весник „Лекип“.
На 28 април, Хакими (27) го повреди бутниот мускул на десната нога, во финишот од првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн и оттогаш не тренирал.
Според „Лекип“, Мароканецот нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, но ќе се опорави на време за да игра за Мароко на Светското првенство.
Финалето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Пари Сен Жермен ќе се игра на 30 мај во 18:00 часот во Будимпешта.
Foto/ Depositphotos
The post Хакими ќе го пропушти финалето против Арсенал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
