мај 24, 2026

На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов” во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, а при гаснење на пожарот двајца полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK