мај 27, 2026

Повозрасна жена исчезнала во скопската населба Карпош, а семејството апелира до граѓаните за помош во потрагата.

Последен пат, жената била видена на 26 мај, околу 15:15 часот, во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Според објавата што ја пренесоа повеќе медиуми, жената во моментот на исчезнувањето носела розови тренерки и блуза со црно-бели пруги.

Семејството ги замолува сите што ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење веднаш да се јават на телефонскиот број 070/399-945 или во полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK