ноември 23, 2024

Кремљ го нарече Борис Џонсон „лажго“ и ги негираше тврдењата на поранешниот британски премиер дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил дека ќе го убие со проектил, во повикот пред руската инвазија на Украина, јави Скај Њуз.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Поранешниот премиер тврди дека, во „вонреден“ разговор што се одржал во февруари откако тој го посетил Киев, рускиот лидер му рекол „Не сакам да те повредам, но со проектил, тоа ќе трае само една минута“.

Меѓутоа, Кремљ денеска го обвини Џонсон дека лаже.

„Тој не ја кажува вистината, или да бидат попрецизен – лаже. Немаше закани со проектили“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.

„Тоа е или намерна лага – па мора да го прашате г-дин Џонсон зошто избрал да го каже тоа така – или е несвесна лага и тој всушност не разбрал за што Путин зборувал со него“, рече тој.

Според Песков, Путин му рекол на Џонсон дека ако Украина се приклучи на НАТО, тоа би значело дека американските или НАТО ракетите поставени во близина на границите на Русија ќе можат да стигнат до Москва за неколку минути. Оттаму, посочи Песков, можеби имало недоразбирање.

„Ако така е разбран овој пасус, тогаш тоа е многу непријатна ситуација“, додаде тој.

Џонсон, кој стана клучен поддржувач на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во месеците по инвазијата на Русија, го искажа ова тврдење како дел од новата серија на „BBC 2“ која се занимава со тоа како Западот се борел со Путин во годините пред војната.

Поранешниот британски премиер потсети дека при посетата на Киев го предупредил Путин дека инвазијата на Украина ќе биде катастрофална и дека ќе има построги западни санкции кон Русија ако го стори тоа. Џонсон, исто така, рече дека му рекол на рускиот лидер дека ескалацијата само ќе доведе до зголемување на поддршката на западните држави за Украина, што значи „повеќе НАТО, а не помалку НАТО“ на руските граници.

„Тој рече: ‘Борис, велиш дека Украина нема наскоро да се приклучи на НАТО. […] Што е наскоро?’ и реков ‘Па, нема да се приклучи на НАТО во догледна иднина. Вие го знаете тоа совршено добро’“, рече Џонсон за телефонскиот разговор со Путин.

„Тој, на некој начин, ми се закани во еден момент и ми рече: ‘Борис, не сакам да те повредам, но со проектил, ќе трае само една минута’, или нешто слично“, се присети поранешниот британски премиер.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK