Поранешната пејачка Наташа Којиќ, ќерка на Драган Којиќ Ќеба, побарала азил во Америка како припадник на ЛГБТ заедницата. Во САД живее веќе 13 години и досега не успеала да ги добие потребните документи за траен престој. Го послушала адвокатот и се решила за нова тактика, пишуваат српските медиуми.
„Во 2019 година, поминаа 10 години како е во Америка. Иако очекуваше да ги добие потребните документи, тоа не се случи. Знаеше дека ако ја напушти земјата потоа ќе и забранат влез, па со адвокатот се решија за поинаква тактика. Го послуша и побара азил како лезбејка. Во образложението е наведено дека како припадник на ЛГБТ популацијата во родната земја може да и биде загрозена безбедноста, па затоа побарала официјален престој во Америка. Голема е шансата да ги добие документите. Таму работи и не сака да се откаже од нејзината цел. Создава музика, а имаше и некои филмски улоги. Сега е дел од екипата на новото филмско остварување „Меган“, кој се прикажува низ кината ширум светот, како и на „Нетфликс“. На овој проект работи под името Таша Кеј“, рече извор близок до неа.
The post Ќерката на Ќеба побарала азил во Америка како припадник на ЛГБТ заедницата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде