Статистиката во јануари е ужасна – само во семејствата има шест убиства. Државата го регистрира овој тренд но не презема ништо посебно.
„Син уби татко“, „Татко уби син“, „Ги убил мајка му и баба му, а сакал да го убие и чичко му“ се дел од насловите со кои се полнеше црната хроника по медиумите во јануари годинава. Застрашувачки се насловите, но и статистиката која вели дека дури шест убиства се извршени од Нова година, а јануари уште не завршил, од кои повеќето се во рамки на семејството.
Така, првото убиство се случи на 2 јануари годинава, кога П.И. (25) од Струмица, ја убил М.Б. (83) од Струмица, која беше пронајдена мртва во својот дом. Според полицискиот билтен, младиот човек побарал пари од жената, со која бил во роднинска врска, и откако не добил, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Тој го признал делото, а сега е во притвор.
На 11 јануари стигна веста дека на улицата „Рузвелтова“ во Скопје се случило двојно убиство. Приведен беше М.Ј. (40) од Скопје, поради сомнение дека со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале. Во понатамошната истрага беше утврдено дека тој сакал да го убие и чичко му, но се откажал, па отишол кај својот матичен лекар да побара помош и таму признал дека ги убил мајка му и баба му.
Извор: Независен
The post Годината почна со многу убиства во семејствата. Зошто доаѓа до тоа? appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде