декември 3, 2024

Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Тоа е село што се наоѓа во Јакутија во источниот дел на Сибир.

Најниската температура е измерена во февруари 1933 година и изнесувала -71,2 Целзиусов степен. Ова е бројот што ќе го видите напишан на многу сувенири во Ојмјакон. Иако никогаш повеќе не е измерена толку студена зима, овде зимите се прилично сурови. На пример, во јануари е сосема нормално термометарот да покажува -50 Целзиусови степени, а моментно жителите на ова село се греат на пријатни минус 33.

Некогаш Ојмјакон беше место каде што сточарите застануваа да ги нахранат и напојат ирвасите во блискиот термален извор, кој никогаш не замрзнува, но денес во него живеат околу петстотини жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но населението се приспособило на екстремните услови.

Земјата е трајно замрзната во текот на целата година и речиси ништо не успева, па населението главно се храни со риба, ирваси, коњско месо и млечни производи. Тие исто така собираат шумски бобинки и ги мешаат со замрзнато млеко за да направат специјалитет од Ојмјакон сличен на сладолед.

Тука не е доволно само еден пар ракавици или еден капут. Населението се облекува во повеќе слоеви, а од дома излегуваат само кога е потребно. Не е чудно што моторите на автомобилите не може да се палат во овие услови ниту, пак, авионите да полетуваат.

Чистиот воздух и домашната храна без индустриска преработка придонесуваат за здравјето на жителите на Ојмјакон, кои во просек живеат долго. Дури и кучињата се навикнати на студ, а сибирските хаски наводно може да спијат на отворено на температури до -50 Целзиусови степени.

The post Ојмјакон во Сибир е најстуденото место во светот, каде што температурата се спушта до -50 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK