ноември 21, 2024

Филмското бегство на затвореникот Беким Мемети кој побегна на почетокот на месецов, ја отвори темата за условите во македонските затвори и дали треба дополнително зајакнување на безбедноста и чуварската служба во затворите?

Бегства од затвори се бележеле и во 2014, 2015, 2016 кога Македонија бележела највисока стапка во Европа по број на бегства од затворите.

Според статистиките во 2014, 114 бегства на 3100 затвореници , 2015-та, стапката на бегства била 188,7 избегани затвореници на 10 илјади затвореници, додека во 2016, 66 бегства на 3.400 затвореници.

Во изминатите две години полицијата добила 386 наредби за распишани потерници. Полицијата била успешна во пронаоѓањето, па така 301 лице биле вратени во затворите.

Полицијата го уапси бегалецот кој викендов побегна од затвор

Полицијата денеска извести дека на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(42) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот.

Неговото бегство беше искористено за политички профит од страна опозициската ВМРО ДПМНЕ, која оддржа и прес конференции.

The post Полицијата за две години уапсила 301 лице за кои биле распишани потерници поради бегство appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK