Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Еуроњуз“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ добиле нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставено на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.
„Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина“, посочува „Еуроњуз“.
Според медиумот, таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.
Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.