декември 3, 2024

Холивудскиот актер, кој остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата, Брус Вилис, се разболе од тешка болест, која се повеќе зема замав. На него се видливи трагите и последиците од болеста, бидејќи изгледа исцрпено, бледо и прилично старо. Во вакви тешки моменти, поддршка му дава сопругата Ема Хеминг Вилис, како и првата сопруга на Вилис, популарната актерка Деми Мур.

 

 

 

 

Болеста која го нападна легендарниот актер се нарекува афазија, а се работи за болест која директно влијае на говорниот апарат и моторните вештини како пишувањето. Сето ова го принуди актерот неволно да донесе одлука да се повлече од актерството, што беше исклучително тешко за неговите обожаватели и љубители на холивудските блокбастери.

 

-Со големо внимание, Брус се оддалечува од кариерата која толку многу му значеше. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка – се вели во заедничкото соопштение на семејството Вилис, кое го објавија на сите социјални мрежи.

 

-Брус не може многу да зборува, а се чини дека не разбира многу од тоа што му велат другите. Така, Ема е тука за да му помогне да комуницира. Има денови кога во него може да се најде поглед на стариот Брус, но тоа е ретко и кратко. Чувствуваат дека им се измолкнува и тоа им ги крши срцата – изјавил извор близок до семејството за американски „Радар онлајн“.

 

Сопругата Ема на своите социјални мрежи често ја потсетува публиката за кинематографските достигнувања на Брус Вилис. На крајот на минатата година таа објави видео од нив заедно на Инстаграм и призна колкава љубов чувствува кон актерот.

 

– Беше таа зима, пред 15 години, се заљубив со глава до петици во Брус. Љубовта на мојот живот – актерката и продуцент напиша порака полна тага и болка, а сподели и видео на кое таа и Брус се држат за рака, што трогна многумина. Таа објави и постара заедничка фотографија од романтична прошетка во шума каде и тие се држат за рака.

 

Претходно, во едно од ретките интервјуа, Ема призна дека грижата за семејството и „зел данок“ затоа што немала време да се посвети. Таа во една прилика на Инстаграм проговори и за тоа колку е тешко да се справиш со тагата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK