мај 2, 2024

Петмина повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрото кај Кавадарци, меѓу камион и автомобил.

Според пријавеното, утрото во 10.00 часот на локалниот пат Мушов гроб кон Конопиште се случила сообраќајна несреќа помегу товарно возило „сканиа“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(57) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од с.Марена, кавадаречко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Г.(33) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и тројца негови сопатници, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

The post Петмина повредени во судир на камион и автомобил кај Мушов гроб appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK