јули 3, 2024

Почина Стивен Бос, познат како Твич. 40-годишниот танчар, кој долги години беше диџеј во шоуто на Елен Деџенерис, се самоуби.

Веста за неговата ненадејна смрт ја потврди неговата сопруга Алисон Холкер.

„Со тешко срце морам да споделам дека мојот сопруг Стивен нè напушти. Стивен ја развеселуваше секоја соба во која ќе зачекореше. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата повеќе од сè и живеењето со љубов и светлина му значеше најмногу. Тој беше ‘рбетот на нашето семејство, најдобриот сопруг и татко и инспирација за неговите фанови… Стивен, те сакаме, ни недостигаш и секогаш ќе го чувам последниот танц за тебе“ – стои во нејзиното соопштение за јавноста.

Според информации до кои стигнаа странските медиуми, Твич бил пронајден со прострелна рана во хотелска соба.

Твич се прослави како учесник во шоуто „So You Think Can Dance“, а потоа имаше неколку филмски улоги и беше дел од тимот на Елен од 2014 година, па до финалната сезона.

Од него се прости и Елен.

„Скршена сум. Твич беше чиста љубов и светлина. Го сметав за член на семејството. Ќе ми недостига многу. Ве молиме испратете зборови на поддршка за неговата сопруга Алисон и нивните прекрасни деца Весли, Мадокс и Заи“ – истакна таа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK