Министерство за надворешни работи на Иран денеска ја критикува одлуката на Обединетите нации за исклучување на земјата од Комисијата на ОН за статусот на жените, по бруталното задушување на протестите во изминатиот период, предизвикани од смртта на една млада жена.
– Ова е политички мотивирана и неприфатлива одлука без никаква правна основа и затоа најстрого ја осудуваме. ОН не треба да дозволат светските сили тоа политички да го инструментализираат, изјави денеска портпаролот на иранското Министерството за надворешни работи, Насер Канани.
Иран вчера на предлог на САД, беше исклучен од учество во работата на Комисијата на ОН за статусот на жените.
Економскиот и социјалниот совет на ОН (ЕЦОСОЦ), што има 54 членки, усвои Резолуција со која итно се суспендира учеството на Иран во Комисијата за статусот на жените до крајот на мандатот на тоа тело во 2026 година.
За исклучување на Иран гласаа 29 членки на ЕЦОСОЦ, осум беа против, а останатите 16 беа воздржани.
Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, пред гласањето изјави дека членството на Иран го поткопува кредибилитетот на Комисијата.
Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, го оцени потегот на САД како незаконски и насилен.
Следете не, не има насекаде