Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево, вчера околу 18:30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачјето на Аеродром, ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје.
Како што информираат денеска од МВР, тие се сомничат дека во периодот од 15:00 до 18:00 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Украдени три влезни врати од згради- Полицијата ги уапси крадците appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде