Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи
На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица. Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
The post МВР приведе маж од Радовиш, бидеќи го тепал сопственото куче оти му јадело кокошки !!! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде