септември 25, 2024

Некогашната британска ѕвезда, Пол Гад, познат и како Гери Глитер е пуштен од затвор, откако ослужи половина од казната. Го осудуија во 2015 година за сексуален напад на три малолетни ученички од кои едната била помлада од 13 години.

Осудениот педофил и некогашен рокер е пуштен откако отслужи осум години затвор, пренесе „Дејли Мејл“. Го открија во 1997 година кога го однел лаптопот на поправка во сервис во Бристол. Човекот кој му го поправил нашол порнографски содржини на неговиот хард диск.

Полицијата нашла и додатни порнографски содржини.

Глитер сега има три дена да се регистрира во полицијата и да ја пријави адресата каде живее.  Иако е слободен, мора да ги извести властите седум дена однапред за некое негово патување во странство. Службениците можат и да му стават вето, ако сметаат дека претставува ризик.

Ќе носи ознака, а треба да ја извести полицијата ако стапи во врска со дете помладо од 18 години. Министерството за правда соопшти дека ослободувањето на сексуалните претстапници е надгледувано од полицијата и може повторно да завршат во затвор ако прекршат некои од строгите услови.

Глитер и пред 2015 година го судеа за сексуално злостсавување на малолетни девојчиња, Беше гонет и осудуван во разни земји низ светот. Кога го протераа од Камбоџа замина во Виетнам. Во 2006 година го обвинија за сексуален напад на две девојчиња на возраст од 10 и 11 години. Го осудија на 11 години.

По две и пол години наредено му е да се врати во Велика Британија, а во 2014 година го обвинија по осум точки за сексуални напади. Подоцна станаа десет. Следната година е прогласен за виновен по една точка за обид за силување, четири за непристоен напад и една за сексуален однос со девојка помлада од 13 години. Во 2015 го осудија на 16 години затвор.

За потсетување, Гери важеше за еден од најпознатите британски поп-ѕвезди, а песните му беа познати и популарни и се користеа во филмови.

 

 

The post Поранешниот рокер и осуден педофил Гери Глитер е пуштен од затвор откако отслужи половина од казната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK