ноември 23, 2024

Возач на камион од Куманово доби кривична пријава откако на автопатот кај Табановце прво удрил во автомобил, за потоа да не запре на повиците на возачот на автомобилот и да се обиде да го истурка од патот, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(38) од Куманово. Тој на 22.10.2022 околу 17:00 часот, движејќи се со товарно возило „волво“ по автопатот од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, при обид да престигне друго товарно возило, со приколката удрил во патничко возило „Ауди“, се вели во полициското соопштение.

„Откако возачот на патничкото возило му дал знак да сопре, пријавениот продолжил со возење и се обидел да го истурка од коловозната лента“, додаваат од МВР.

The post Возач на шлепер удрил во автомобил и се обидел да го истурка од патот appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK