Русите минатата година купи рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за финансии.
Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните да штедат во американски долари.
Лицата кои остваруваат добивка од продажба на златни прачки се ослободени од данок на доход, што дополнително ја зголеми побарувачката за овој метал.
Според најновите податоци, Русите минатата година купиле повеќе од 50 тони златни прачки, што е десетпати повеќе од претходно.
Најбарани се шипките од килограм, кои сочинуваат 60 отсто од вкупно продадените.
Од Министерството за финансии посочуваат дека објавените податоци не се конечни и го опфаќаат периодот до крајот на ноември.
The post Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде