Украина е подготвена да се обврзе дека нема да го користи оружјето со долг дострел што го побара од Запад за напади на руска територија, со исклучок на новите руски региони кои Киев сè уште ги смета за своја територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Говорејќи на заедничката прес-конференција на украинската Влада и Европската комисија во Киев, Резников рече дека вооружените сили на Украина бараат оружје со дострел до 300 километри.
„Украина е подготвена да ги даде сите видови гаранции дека западното оружје нема да се користи за напади на руска територија. Имаме доволно цели на привремено окупираните украински територии и подготвени сме да ги координираме целите со нашите партнери“, рече Резников.
МИА