септември 25, 2024

Олексеј Резников повеќе нема да биде министер за одбрана на Украина, објави вечерва агенцијата АФП.

АФП додаде дека на негово место најверојатно ќе дојде поранешниот шеф на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.

ПОТРЕСИ ВО УКРАИНА: ПАДНА РЕЗНИКОВ, ПРВИОТ ЧОВЕК ДО ЗЕЛЕНСКИ

Украинскиот весник Правда вечерва објави дека партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Слуга на народот, која е и најголема украинска партија, објавила дека ќе гласа за смена на Резников. Оваа информација на Фејсбук ја објави Маријана Безухла, заменик-шеф на комисијата на украинскиот парламент за национална безбедност, одбрана и разузнавачки служби.

Извори на Украинска Правда наведуваат дека се разгледува идејата за именување на Резников за министер за стратешки индустрии. Иако претходно денеска украинските медиуми шпекулираа дека Резников би можел да стане министер за правда по неговото разрешување, одлучено е министерот за правда Денис Малиуска да остане на функцијата.

#BREAKING Ukraine’s Defence Minister Reznikov to be replaced by head of military intelligence Budanov pic.twitter.com/Qq3ggxSPK2

— AFP News Agency (@AFP) February 5, 2023

Да потсетиме, претходно денеска украинските медиуми објавија дека Резников наскоро треба да ја напушти функцијата.

Според украинските медиуми, тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски размислувал за преместување на Резников по неговото разрешување бидејќи „никој од кабинетот на претседателот не се сомнева дека тој треба да остане во тимот. Буданов најверојатно ќе го води Министерството за одбрана наместо тоа“.

Резников во пресрет на разрешувањето: Одлуката е на претседателот

Министерот за одбрана во интервју за „Украинска правда“, кое ќе биде објавено, ја коментира можноста за негова оставка пред разрешувањето.

Резников рече дека секој функционер мора да разбере дека не е на функцијата доживотно.

„Не разговарав за моја оставка од оваа функција. Таа одлука е на претседателот на државата. Ќе го повторам мојот одговор за другите медиуми – секој функционер треба да разбере дека не е на функцијата доживотно“, рече Резников. .

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најверојатно ќе биде разрешен од должноста во текот на следната недела, објави денеска украинската новинска агенција Украинска правда, повикувајќи се на владини и воени извори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK