септември 25, 2024

Пронајдена е кафеана стара 5.000 години со простор за јадење на отворено и кујна,од страна на тим археолози од музејот Пен.

Кафеаната се наоѓа во античкиот град Лагаш во јужен Ирак, сега познат како Ал-Хиба. Археолозите откриле дека во кафеаната имала клупи, просторија која служела како фрижидер, печка и остатоци од стара храна.

Директорката за истражување Сара Пицименти од Универзитетот во Пиза предложила тимот наместо да копа директно надолу, да користи поинаков пристап со ископување на областа со хоризонтално копање. Користејќи ја оваа метода тимот открил дека кафеаната е само 50 см под површината.

Лагаш бил еден од најстарите и најголемите градови во Месопотамија околу 3000 година п.н.е. Поради околните мочуришта и плодното земјиште, тој бил главен производствен центар за земјоделство и риболов.

 

The post Археолози од Ирак пронајдоа кафеана стара 5.000 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK