септември 26, 2024

Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови (локално над 60 км/ч.).

Утринските температури ќе се движат од 1 до – 10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 3 до -7 степени.
Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе биде нула степени.

Утре наутро многу студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. На места минималните температури ќе се спуштат и под -10 степени, а и дневните ќе бидат под нула до среда, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK