Свети Андреј беше по професија рибар, како повеќето апостоли, за да се зачуди светот што меѓу прости, необразовани рибари се нашла таква мудрост.
Инаку, му беше брат на апостол Петар. Првин беше ученик на свети Јован Крстител. Но, кога самиот свети Јован го нарече Христос Јагне Божјо, кое го зеде гревот на светиот, т.е. Спасител, овој му се придружи.
Денеска е Св. апостол Андреј Првоповикан
По слегувањето на Светиот Дух проповедаше на многу места: Византија, Тракија, Дунавските земји, денешна Русија, околу Црното Море, а најпосле во Епир, Елада и Пелопонез, каде и пострада. Беше распнат на крст. Моштите му беа пренесени во Цариград.
Подоцна, главата му беше пренесена во Рим, а едната рака во Москва.