септември 28, 2024

Кривата куќа сместена на околу два часа од Лондон, често менувала сопственици во последните години, била галерија, книжарница, продавница за училишна опрема и продавница за инструменти.

Фасадата на искривената куќа во центарот Кентербери ги привлекува погледите на посетителите. Искривената куќа има многу имиња: позната е како Куќа на Сер Џон Бојс, галерија на кралот или продавница на стариот крал, а изградена е во 17 век.

Необичниот изглед на куќата инспирираше бројни приказни. Некои тврдат дека таа го инспирирала писателот Чарлс Дикенс да напише еден од пасосите за Дејвид Коперфилд. Но, иако куќата изгледа како да е излезена директно од некој од неговите романи, таа била таму пред неговото време.

Искривената куќа се наоѓа на крајот од улицата Палас, во близина на центарот на Кентербери, нејзиниот асиметричен изглед го дава внатрешниот оџак кој со текот на времето почнал да паѓа, а сега го држи челична рамка. Со новите сопственици на куќата се менуваат и боите на влезните врати. Денес, во искривената куќа се наоѓа книжарницата Catching Lives, која продава користени книги за да собере пари за бездомниците и обесправените.

The post Крива куќа од 17 век туристичка атракција во Кентербери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK