септември 28, 2024

Лекарот Џејмс Хамблин се нема туширано пет години и објасни зошто е здраво да смрдиш. Докторот кој предава и на „Јејл“, откри дека има пет причини зошто е здраво за телото кога човек не се тушира подолго време. Причините ги објавил во книгата Clean: The New Science of Skin.

Додека ја пишувал, фокус дал на кожата. Дошол до неколку заклучоци. Прво рече дека опседнатоста со сапунот предизвикува алергии.

„Сите истражувања во книгата за микробиомот на кожата и историјата на верувања за хигиената и чистотата ме натераа да ги променам навиките“, рече Хамблин.

Според него микробите се секаде и скоегаш присутни во околината и тоа нема да се смени кога човек ќе се истушира. Докторот верува дека микробите се неопходни за одржување на здрава рамнотежа и работата на дигестивниот систем.

„Знаете дека обидот за искоренување на микробите во вашите црева не е најдобрата работа која можете да ја направите“, рече Хамблин.

Иако не користи шампон и гел за туширање, Хамблин објасни дека понекогаш користи вода и ги мие рацете со сапун.

„Понекогаш знам да ја намокрам косата. Кај мене нема да најдете креми, дезодоранси, но се уште ги мијам забите. Го правам само она што го сметам за потребно во медицинска смисла“, рече Хамблин.

The post (Видео) Лекар не се туширал пет години и објасни зошто е здраво да смрдиш appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK