септември 28, 2024

Буритото го освои речиси целиот свет со својата едноставност на подготовка и богатството на вкусот, а неговата тајна лежи во полнењето и слободата на импровизација… Уживајте!

СОСТОЈКИ:
350 гр мелено телешко или говедско месо
100 гр кромид
конзерва сецкани домати
жолта и црвена пиперка
100 гр црвен грав (може и оној од конзерва)
100 гр шеќер
2 лажици масло
2-3 лажички сув лут зачин по ваш избор
магдонос, сол
пакување од 8 тортиљи
Подготовка:
Пропржете го кромидот, додадете го месото, лутиот зачин и солта и динстајте 15-20 минути, додавајќи вода. Додадете ги доматите од конзерва, пиперките исечкани на коцки и продолжете да динстате уште 15 минути. Кон крајот додадете црвен грав, сварена слатка пченка, преостанатиот сув зачин и малку магдонос. Во тава без масло лесно загрејте ги тортиљите од двете страни, на секоја ставете по 2 лажици фил, свиткајте ролна и послужете.
Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK