септември 28, 2024

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавува либерализирање на пазарот на труд за странските работници, првенствено со зголемување на годишните квоти за оние од регионот.

„Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји“, вели Битиќи во интервју за ДВ.

Неделава ќе се разговара детално со стопанските комори и со организацијата на работодавачите, а најголема потреба од странски работници имало во градежништвото, угостителството и туризмот како најпогодени.

„Прво ќе ги идентификуваме сите сектори и ќе мора да воведеме правила. Нема да дозволиме во одредени сектори 90 отсто од работниците да бидат увезени, а 10 отсто да бидат наши. Мора да има приоритет јавниот интерес и секако заштитата на нашите граѓани е на прво место. Ние можеме да обезбедиме да донесeме, да помогнеме, но не да бидат тие носечки кадри. Со стратегијата на носење на работна сила, да се зголеми конкурентноста, а тоа е прв момент кон зголемување на продуктивноста“, смета Битиќи.

Вицепремиерот додава дека веќе имаме работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина

„Сегашната квота е пет илјади на годишно ниво и таа бргу се пополнува. Веќе имаме и потреба за работна сила за одредени поголеми инфраструктурни проекти. Лично сметам дека бројката треба да се зголеми, најмалку двојно, но да не прејудицирам и да оставиме тоа да биде резултат од разговорите кои ќе ги водиме“, порачува Битиќи.

The post Битиќи: Работници од Индија доаѓаат во автомобилската и ИТ-индустријата appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK