септември 27, 2024

Екипата на Академија Пандев има исклучително активен преоден рок, струмичкиот клуб досега донесе десет нови фудбалери оваа сезона, последен кој стави потпис е Турчинот, Хакан Акгул.

Академија Пандев има лоша есенска полусезона, па зимава речиси и да направи комплетен ремонт на тимот. Најново засилување за пандевци е Хакан Акгул.

„19-годишниот талентиран играч за врска Хакан Акгул потпиша две и пол годишен договор со Академија Пандев. Турскиот интернационалец доаѓа од екипата на Фатих Карагумрук, каде ја има поминато и целата младинска школа. Ова е прво интернационално искуство за Хакан, а ние му посакуваме добредојде во нашето семејство!“, стои во соопштението на Академија Пандев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK