октомври 8, 2024

Леонардо ди Каприо има нова девојка, пренесоа светските таблоиди. Оскаровецот неодамна е виден во друштво на манекенката Еден Полајни која има само 19 години и е 29 години помлада од него. Биле видени на забава кај пејачката Ебон Рајли.

Полајни е од Израел исто како и неговата бивша Бар Рафаели. Позната е по инфлуенсерството, а на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 200.000 фанови.

Најверните уште сега ја предупредија да биде подготвена и дека за некоја година ќе ја остави. Леонардо е познат по тоа што им раскинува на девојките кога ќе наполнат 25 години.

„Престар е за тебе. Остави го. Зарем не го знаеш каков е?“, биле само некои од коментарите.

Леонардо неодамна беше во врска со Викторија Ламас. Проблемите почнаа кога ги видоа одвоено како излегуваат од клуб. Ламас е ќерка на актерот Лоренцо Ламас и многумина беа изненадени кога ги видоа заедно, затоа што претходно се шпекулираше дека со месеци е во врска со Џиџи Хадид (29).


The post Леонардо ди Каприо во врска со 19 годишна манекенка од Израел, фановите ја предупредија дека ќе ја остави на 25 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK