септември 27, 2024

Претепаниот Македонец Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, кој Бугарија со авион го пренесе од Охрид во Софија на лекување, ужива статус на национален херој во Бугарија- јавува А1 он.

По излегувањето од болница, беше примен директно од претседателот Румен Радев и од потпретседателката Илијана Јотова. Радев ѝ честита на мајката на Христијан Пендиков што одгледала достоен син, како и на Христијан за храброста да го одбрани своето бугарско име.

А последните информации од официјална Софија се дека тој ќе биде сместен во стан во главниот град на Бугарија, и тоа на сметка на државата.

Ќе добие стан во Софија, што ќе му го плаќа државата, како и дневници за да може да живее заедно со мајка си, ќе добие и обезбедување бидејќи, според бугарската влада, тој сè уште добива закани, а во моментот не е безбедно за Пендиков да се врати во Македонија.

Според бугарските медиуми, ова го изјавил техничкиот премиер Николај Милков, а истото го повторил и во емисија на БНТ.

„Значи, ги решивме овие прашања. Секако, претстои и негова средба со министерот за внатрешни работи, Демерџиев, на која ќе се разјасни колку му е потребна безбедност на наша територија за да не стане жртва на провокација“, најави Милков.

Според информациите, станот на Пендиков ќе му го плаќа бугарското Министерство за внатрешни работи, а дневниците ќе му ги исплаќа Министерството за надворешни работи.

А Министерството за внатрешни на Бугарија треба да одлучи какво обезбедување ќе му биде дадено на Пендиков. Според Демерџиев, кон Пендиков и натаму имало закани за неговата безбедност.

Извор:А1он

The post Претепаниот Пендиков ќе добие стан во Софија, дневници и обезбедување од бугарската влада appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK