септември 20, 2024

Шпекулациите за португалската суперѕвезда продолжуваат да се множат, но од Санкт Петербург наведуваат дека за него нема место во тимот поради неговата возраст.

Генералниот директор на Зенит Александар Медведев ја отфрли можноста португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо да ја продолжи кариерата во рускиот фудбалски клуб.

Медведев истакна дека Зенит не купува играчи постари од 28 години.

Што се однесува до доведувањето на Роналдо, има старосни ограничувања за доведување играчи во Зенит. Не размислуваме за преговори со играчи постари од 28 години“, изјави Медведев, пренесе РИА Новости.

Роналдо пред почетокот на Светското првенство во Катар го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а со селекцијата на Португалија беше елиминиран во четврт-финалето од селекцијата на Мароко (0:1).

Роналдо моментално се наоѓа во Мадрид, каде што тренира во тренинг кампот на Реал.

Некои британски медиуми објавија дека постои можност португалски фудбалер кариерата да ја продолжи во Челзи, откако лондонскиот клуб е во потрага по замена за повредениот напаѓач Армандо Броха.

Роналдо имаше понуда и од Ел Наср од Саудиска Арабија, но се уште не објавил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK