септември 20, 2024

Во пенал рулетот во четвртфиналето на СП во Катар Хрватска го совлада Бразил и го играше полуфиналниот натпревар против Аргентина во вторникот.

Селекао беше еден од најголемите фаворити за освојување на светската круна, но во нокаут фазата налета на Огнените, кој им зададоа тежок пораз. Колку тоа влијаело на нив најдобро говорат пораките кои ги сподели Нејмар.

Тага во бразилските редови

Бразилската ѕвезда по елиминирањето од Хрватска размени пораки со неколку соиграчи. Тој реши да ги објави пораките за да им покаже на сите какво единство владее меѓу нив:

„Пеналот нема да го промени она што го мислам за тебе“, му напиша Нејмар на дефанзивецот на Бразил, Маркињос, кој последен шутираше од белата точка и ја погоди стативата.

„Навистина сакав да успееме, никогаш не мислев дека тоа ќе биде пречка на патот кон остварување на нашите соништа, но мора да продолжиме“, одговори неговиот соиграч и дефанзивец на ПСЖ.

„Така е, се минува, добри и лоши моменти. Мораме да бидеме силни, да видиме што друго ни подготвува фудбалот. Пред да бидам твој соиграч, јас сум твој пријател и те сакам”, напиша Нејмар.

Тиаго Силва ја предводеше одбраната на Бразил на Светското првенство:

„Всушност е полошо отколку што мислев. Ми доаѓа да плачам штом ќе размислам, не можам да прифатам дека загубивме, но ќе бидам добро“, напиша дефанзивецот, а Нејмар додаде:

„Мораме да продолжиме понатаму, брат. Ти, Дани Алвеш и јас заслуживме повеќе, но Господ е со нас и знае се“.

Нејмар ја утеши ѕвездата на Реал Мадрид

Еден од играчите кој шутираше од белата точка и промаши беше Родриго, ѕвездата на Реал Мадрид:

„Го пишувам ова за да ви кажам дека сте силни, чест е да се биде дел од вашата кариера и како станувате еден од најголемите во бразилската историја. Пеналите ги пропуштаат оние кои имаат храброст да ги шутираат.

Пропуштив многу од нив и научив по нешто од секој од нив, но никогаш не се откажав. Сакам да ти се заблагодарам, не затоа што си добар играч, туку затоа што си добар човек. Напред и сети се што ти кажав: Ќе го донесеш Светското првенство во Бразил“, напиша Нејмар, а Родриго одговори:

„Ти благодарам од се срце. Жал ми е што ти го рушам сонот, се надевам дека ќе продолжиш со нас“.

„Не се извинувај, но потоа ќе те научам како да изведуваш пенали“, заклучи на шега Нејмар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK