септември 28, 2024

Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата му се слошило, по што изгубил контрола над возилото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK