септември 28, 2024

Левица направи кворум за владина реконструкција, го спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на оваа партија се вели:

Дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица.

Левица гласаше ЗА седницата за владина реконструкција и уште еднаш на дело покажа дека се фолиранти, а не опозиција.

Секогаш кога на СДС и ДУИ ќе им затреба кворум, тука е Левица со своите два пратеника да направи.

Ова се фотографии од кои јасно се гледа дека седницата за владина реконструкција не би било можно да започне без присуството на Левица, власта немаше 61 пратеник, туку 60, а кворумот од 62 го направија Апасиев и Крмов.

Левица е приврзок на Ковачевски и Ахмети, како во Собранието, така и секаде каде ќе им затреба во Советите на локално ниво.

The post ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Левица направи кворум за владина реконструкција, го спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK