септември 28, 2024

На 54 години почина раперот Дејвид Џоликер, еден од основачите на популарното хип-хоп трио „Де ла соул“. Причината за смртта за сега не се знае, но музичарот претходните години во интервјуа зборуваше дека има проблеми со срцето.

Заедно со  Келвин Мерсер и Винсент Ламонт Мејсон, Џоликер ја основаше популарната група во 1988. „Де ла соул“ се смета за група со најголемо влијание врз хип-хоп музиката на крајот на ’80-тите и почетокот на ’90-те години. Дебитантскиот албум на бендот, 3 Feet High and Rising, излезе во 1989 и се смета за еден од најдобрите во историјата на хип-хопот. Групата објави девет студиски албуми, од кои последниот во 2016 година.


The post Почина раперот Дејвид Џоликер, еден од основачите на хип-хоп триото „Де ла соул“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK