септември 28, 2024

Доколку сте љубител на пилешкото месо подгответе зачинети батаци во рерна, чија подготовка не трае повеќе од 15 минути.

Кога ќе ги послужите со компири и супа, ќе имате целосен и брз ручек за целото семејство.

Состојки:
5 батаци
2 лажици масло
3 чешниња лук
1 кромид
1 лажичка сол
2 лажички црвен пипер
мед
бибер

Подготовка:
Сите суви зачини измешајте ги во сад, па додајте ги батаците и добро измачкајте ги. На крајот додајте издробен лук и ситно исецканиот кромид и оставете да отстои најмалку 15 минути.
Во загреана тава ставете зејтин, па пржете ги батаците по две минути од двете страни.
Ако сакате да јадете батаци со компири, излупете ги компирите, исечете ги на коцки и ставете ги во намрсена тава. Наредете ги батаците преку компирите.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Превртете ги од време на време.
Кога ќе бидат готови, намачкајте ги батаците со мед.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK