септември 28, 2024

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против 30-годишниот велешанецм А.Н. за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајототкако лани на 17 декември управувајќи автомобил „Мерцедес“ по улицата „Борис Трајковски“ во Велес усмрти 11-годишно девојче.

Обвинетиот два дена го исклучил својот мобилен телефон пред да се предаде на полицијата, откако избегал од местото на несреќата без да укаже помош, а Обвинителството денеска обзнани дека претходно два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Од тогаш се наоѓа во притвор, а се бара продолжување на мерката затоа што може повторно да се даде во бегство.

„Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало.

The post Поднесено обвинение за велешанецот кој усмрти девојче, претходно два пати бил казнет додека возел пијан appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK