септември 28, 2024

Полоцијата приведе четири лица од Кочани, меѓу кои и двајца малолетници поради употреба на хероин.

Кај едниот малолетник биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи, соопшти МВР.

„Денеска (14.02.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода С.М.(32), С.А.(22) и двајца малолетници, сите од Кочани. Имено, околу 01.30 часот двајцата малолетници биле затекнати во домот на С.М. и тројцата заедно користеле хероин. Притоа, кај едниот малолетник биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи, кои ги сторил на подрачјето на Кочани, додека кај другиот малолетник бил пронајден хероин, кој го купил претходниот ден од С.А.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. и во близина на оградата во дворот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања хероин подготвен за продажба“, велат од полицијата.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK