септември 28, 2024

Претстојниов викенд очите на кошаркарските вљубеници ќе бидат вперени во салата во СРЦ „Кале“, каде што ќе се одржи завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштир“ во која осумте најдобри екипи ќе ги одмерат силите во борбата за драгоцениот пехар.

Организатор на овој настан е Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), чии предводници решија ширум да ги отворат вратите за спортските фанови, односно влезот на трибините да биде – бесплатен. Улогата на бранител на трофејот ја има тимот на ТФТ, кој лани на сензационален начин дојде до пехарот, додека годинешниве пресметки носат посебен шарм бидејќи носат нова шанса за одвојување на една екипа на врвот од вечната листа победници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK