септември 28, 2024

Таканаречената реконструкција на неизбраната влада на премиерот Димитар Ковачевски, која вчера се најде во Собранието на Република Македонија, донесе едно непријатно изненадување за сите земјоделци.

Имено, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза!

Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.

Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза.

Ваквите партиски решенија на Алијанса за Албанците потврдуваат дека нивниот влез во Владата е мотивиран само од поделбата на министерски и директорски места и наместо опозиција на корумпираната ДУИ – јасно е дека оваа партија ќе се претопи под ДУИ и наредни избори ќе биде збришана од полтиичката сцена, пишува во соопштението на Левица.

The post Наставник по албански јазик и предавач по поезија и проза е новиот заменик министер за земјоделство appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK