декември 25, 2024

Волшебна магија, деца кои сонуваат за Дедо Мраз, а возрасните со насмевка на лицата уживаат во прекрасниот топол амбиент, со планови и очекувања за посреќна, подобра, бериќетна  и поуспешна година.

За да ги направиме престојните празници уште поубави ви предлагаме неколку предлози и совети, за тоа како да го уредите вашиот нов дом и волшебните празнични моменти да ги поминете во убав амбиент и добро расположение.

Елката е најпрепознатливиот симбол на овој празник, се вели дека таа предизвикува чувство на топлина и радост. Во повеќето домови елката го зазема централното место во домот и е највпечатливиот декор. Под неа се оставаат сите подароци, и се доживуваат најголемите изненадувања и радости кога часовникот ќе ги одброи последните секунди од старата година и ќе ја означи новата година.

Светилките на елката создаваат пријатна атмосфера во вашиот нов дом подигајќи го расположението за прослава и радост.Ставете ги во различни бои, нека трепкаат.

Не го заборавајте божиќниот венец поставен на влезната врата од вашиот дом како бесконечен симбол на великодушност, давање и собирање на семејстовото.

Не ја пропуштајте можноста за време на овој период од годината софата да ја направите дел од новогодишното украсување. Вметнете неколку перници со новогодишни мотиви и поставете удобно ќебе над креветот и веднаш ќе ја забележите разликата. Како дел од празничните украси нека ви биде и Божиќната ѕвезда, која ќе ве исполни со надеж за поубави и поуспешни мигови во годината што следи.

Семејната вечера е најзначајниот момент за време на Новогодишните и Божиќните празници. Покрај убаво зготвената храна, украсете ја масата со празнични детали, новогодишни чинии, салфети и чаршав. За време на вечерата се разменуваат најсреќните мигови, сите се весели и насмеани.

Тимот на Саник се надева дека овие предлози и совети ќе ви помогнат да се подготвите за предстојните празници, и да ги поминете во убав амбиент и добро расположение со вашите најблиски.

The post Празниците се ближат appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK