декември 25, 2024

Регионалните медиуми на своите вести покажаа како изгледа родното место на легендарниот пејач Тома Здравковиќ.

Легендарниот Тома Здравковиќ за кого е снимен хит филмот зад себе остави безброј песни кои денес ги слушаат сите генерации.

Во негова чест беше поставен споменик во центарот на Лесковац, а тој остави неизбришлива трага во светот на музиката.

Живеел во селото Печењевац, а регионалните медиуми решиле да го посетат неговото родно место. Сцената што ја затекнаа таму не беше многу возбудлива, а открија и зошто.

На пат кон неговата куќа сретнале мештани, и ги прашале за Тома, еве што тие им рекле…

Сакаше да седи на тераса и да јаде семки. Куќата требаше да се среди, барем кровот“, рекол првиот.

„Тома беше многу добар човек, а начинот на кој изгледа неговата куќа е многу тажно. Не треба да изгледа така бидејќи многу посетители се разочаруваат кога ќе ја видат куќата“, додал друг локален жител.

Според Станиша Цветановиќ од здружението „Печењевце центар на светот“, покренале иницијатива за обновување на родното место на Тома Здравковиќ.

Причината поради која куќата не е реновирана е што не се решени правно-имотните односи.

Како изгледа неговата куќа, погледнете ТУКА во видеото.

Да потсетиме, пред една година беше снимен и прикажан филмот „Тома“ кој ги освои срцата на многумина и ги расплака и оние најтврдите. Самиот филм го прикажува почетокот и врвот на неговата слава, врската со многубројните пријатели што ги имал во тогашното уметничко милје на Југославија и неговите љубови кои го инспирирале да создаде некои од најголемите хитови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK