Селекторот на репрезентацијата на Норвешка, Стале Солбакен, неочекувано го нападна поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, за кого изјави дека бидејќи од „најумниот човек во фудбалот“ станал човек кој ги дава „најглупавите изјави“.
Причина за ваквата реакција е ставот на поранешниот француски стратег, кој од 2019 година е на позицијата на шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА, дека тимовите кои биле преокупирани со политичките ставови на СП во Катар имале и најслаби резултати. Венгер како пример ги посочи Данците и Германците, кои беа елиминирани во групната фаза, откако претходно протестираа за човековите и ЛГБТ правата во Катар.