декември 25, 2024
Шефот на Норвешкиот совет за бегалци изјави дека, поради неподносливите зимски услови во кои во моментов живеат Украинците, очекува нивен нов бран од стотици илјади бегалци во Европа.

Имено, милиони луѓе во Украина останаа без греење, вода за пиење и струја во моменти кога температурите драстично паѓаат, а се резултат на серијата ракетни напади на Русија врз украинската енергетска инфраструктура.

Јан Егеланд, претседател на Норвешкиот совет за бегалци, изјави дека „никој не знае колку ќе дојдат, но ќе бидат стотици илјади.

-Ова ужасно и нелегално бомбардирање на цивилната инфраструктура го оневозможува животот на премногу места во Украина, рече Егеленд.

Тој додаде и дека е загрижен оти кризата во Европа „ќе ги продлабочи и ќе ги засени кризите што се случуваат на други места низ светот“.

ОН соопштија дека околу 18 милиони луѓе, или 40 отсто од населението на Украина, зависат од странска помош.

Од почетокот на војната, на 24 февруари, досега земјата ја напуштиле 7,8 милиони Украинци, пребегнувајќи во други европски земји.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK