декември 25, 2024
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Лео Докерти, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кој престојува во посета на Република Северна Македонија, на која, како што информираат било разговарано за развојот на севкупните односи меѓу двете држави, како и за актуелните состојби во поширокиот регион.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Претседателот, Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи ги силните партнерски односи во НАТО, во време кога се соочуваме со глобални предизвици.

Пендаровски, исто така, ја истакнал важноста на севкупната британска поддршка за реформските процеси во нашата држава, во функција на аспирациите за членство во Европската Унија.

На средбата, како што информираат, се разговарало и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK